Жозе Мурињо, отрки дека во летниот преоден рок добил неморално висока понуда од Ал Ахли од Саудиска Арабија. Португалецот ја одбил понудата од „љубовта кон Рома“, но истакна дека не ја исклучува можноста во иднина да се пресели на Блискиот исток.
Италијанските медиуми тврдат дека на Португалецот му биле понудени 120 милиони евра за двегодишен договор.
Она што му го понудиле од Ал Ахли е дупло повеќе од платата што ја има најплатениот тренер во фудбалот, Диего Симеоне. Аргентинецот има годишна плата од 33 милиони евра, која од наредната сезона, според новиот договоро ќе му биде намалена за околу 40 отсто.
Втор на листата е Пеп Гвардиола со годишна плата од 22,7, а трет Јирген Клоп со платат од 17 милиони евра по сезона.
На оваа листа, Мурињо се наоѓа на четвртото место. Во Рома тој заработува 14,8 милиони евра.
Текстот Мурињо одбил 60 милиони евра по сезона е превземен од МАКФАКС.