Можна промена во Ливерпул: Осимен од Наполи може да дојде на местото на Салах

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен може да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Според „Мирор“, англискиот клуб во 24-годишниот Нигериец гледа соодветна замена за Мохамед Салах, кој може да го напушти тимот.

Во тековната сезона, Осимен одигра 10 натпревари на кои постигна шест гола и една асистенција.

Осимен кој беше еден од најзаслужните за минатогодишната шампионска титула на Наполи, не е во најдобри односи со тренерот на италијанскиот клуб Руди Гарсија.

Текстот Можна промена во Ливерпул: Осимен од Наполи може да дојде на местото на Салах е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn