Мицкоски: Оптимизмот на Ковачевски за уставни измени за мене е политикантство

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Поминаа повеќе од 15 месеци повторувајќи една иста работа дека уставни измени под бугарски диктат ќе нема, но ќе нема и во иднина. Сакам да повторам и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе биде влада нема промена на околностите, ако не видиме некаков прогрес бидејќи сега целосно е во насока на бугарските барања ќе нема уставни измени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Според него тоа што Димитар Ковачевски се уште остава простор и е оптимист дека ќе се соберат две третини за промена на Уставот е само политикантство.

„Тој негов оптимизам е за мене политикантсво, бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ, дека еве само што не се случиле тие измени“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека има нешто повеќе од пет месеци пред официјалниот почеток за кампањата за претседателски избори, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите за парламентарните избори.

„Остануваме фокусирани на понудата, на историскиот резултат кој ќе биде надоврзување на оној резултат од локалните избори, очекуваме победа и на претседателските и на парламентарните избори, фокусирани сме на решавање на проблемите на граѓаните“, кажа Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Оптимизмот на Ковачевски за уставни измени за мене е политикантство е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn