Пратеникот на СДСМ Панчо Минов во рамките на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ревизорскиот извештај за онкологија истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата – пратеници од опозицијата – позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.
Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело, рече Минов.
Пратеникот Минов истакна дека државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита.
Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство, порача пратеникот на СДСМ Панчо Минов.
Текстот Минов: Одговорност за сите констатирани неправилности и незаконитости на Онкологија е превземен од МАКФАКС.