Дали Фондот за здравствено осигурување е обврзан да даде согласност за барањето на одредена клиника за дополнителни средства. На пример дали е задолжителна согласност од ФЗО за случајот на Клиниката за онкологија, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, поранешниот директор на ФЗО, Орхан Рамадани, кој ја вршеше функцијата во период од 2015 до 2020.
Прашањето Милошоски го постави на собраниската анкетна комисија за случајот на Онкологија.
Милошоски упати прашање до Рамадани дали одговорот од ФЗО е задолжителен или не за Онкологија. По одговорот од Рамадани, кој посочи дека ФЗО дал согласност по процена од службите за тоа дали има потреба од бараниот лек, дали има буџет за побараните средства, Милошоски посочи:
„Гледам дека поранешниот директор Нино Васев бил над законот и над согласностите што му биле дадени. Ова укажува дека Васев не бил сам и имал политички покровител штом тоа го правел толку долго време“, рече Милошоски.
Текстот Милошоски за Онкологија: Гледам дека директорот Васев бил над законот, што укажува дека не бил сам и имал политички покровител е превземен од МАКФАКС.