Босна и Херцеговина ја пречекува Португалија во осмото коло од квалификациите за Европското првенство.
На домашната екипа и е потребна победа во Зеница за да ги задржи шансите за пласман и да се доближи до второпласираната Словачка.
Португалија има седум победи и пред три дена и теоретски го обезбеди настапот на Европското првенство.
„Не би бил задоволен со бод. Ни треба победа ако сакаме да одиме на ЕП. Не треба да бегаме од одговорноста се додека има математички шанси. Можеме да зборуваме дали игравме добро или лошо, дури и да загубиме. Ако направиме се како што треба, деталите ќе одлучат“.
Текстот Милошевиќ пред Португалија: Со бод не би бил задоволен е превземен од МАКФАКС.