Милевски: Очекувам поинаков натпревар, но и поинаков епилог од мечот против Украина во Скопје

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) во Прага игра против Украина и се надева дека може да оствари успех кој ќе го остави нашиот национален тим во игра за второто место во групата и пласман на ЕВРО 2024.

Селекторот Благоја Милевски верува дека утрешниот меч ќе биде сосема поинаков, а сите се надеваме дека и епилогот ќе биде поинаков, во наша корист.

„Не треба да се трошат зборови за селекцијата на Украина, составена е од врвни играчи кои играат во топ лигите во Европа, но Македонија покажа дека може да биде конкуретна и со таков тип на репрезентација. Сепак, ме радува нашата форма од последниот мини-циклус, се надевам дека ќе ја задржиме таа енергија и на утрешниот натпревар. Сметам дека ќе биде комплетно различен овој дуел, очекувам отворен натпревар од двете страни, затоа што и двете селекции само победа ги остава во трката за второто место. Го анализиравме многупати првиот меч, ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на сите 90 минути и да не ги повториме истите грешки од Скопје“ изјави селекторот Благоја Милевски.

Капитенот Енис Барди со пофални зборови се изрази за Украина, но и истакна дека Македонија може да игра против сите и се надева на успех.

„Украина има доста квалитетни играчи без разлика на тоа кој ќе игра за нив и не се фокусираме на нивните отсуства. Се фокусираме само на нашата игра и да се покажеме во светло издание. Ние многу често кога сме заедно зборуваме за нашите грешки и се обидуваме да не ги повторуваме. Се надевам дека ќе бидеме вистински на утрешниот меч“, изјави Енис Барди.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија се игра утре од 15 часот на стадионот на Спарта Прага.

Текстот Милевски: Очекувам поинаков натпревар, но и поинаков епилог од мечот против Украина во Скопје е превземен од МАКФАКС.