Милан го распродаде голманскиот дрес на Жиру

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Италијанскиот прволигаш Милан во продажба пушти голмански дрес со името на Оливие Жиру (37) испечатено на грбот, откако напаѓачот импресионираше како голман на во победата од 1:0 против Џенова во саботата.

Голманот на Милан, Мајк Маињан доби црвен картон во судиското надополнување, а Жиру застана на голот и брилијантно го спречи Георге Пушкаш да постигне гол.

Милан, исто така, го додаде Жиру на листата на голмани од првиот тим на својата веб-страница.

„Оливие Жиру стана дел од историјата на Милан со храбрата одбрана во последните минути од натпреварот на Росонерите против Џенова“, стои во соопштението на Милан.

„Клубот одлучи да го обележи неговиот настап во последната одбранбена линија ставајќи го на списокот на голмани. Покрај тоа, навивачите сега можат да купат голмански дрес со натпис „Жиру 9““, додаваат од италијанскиот клуб.

Во понеделникот во официјалната продавница на Милан беше распродадена дресот на овој голмански дрес.

Жиру е член на Милан од 2021 година. Сезонава на девет настапи постигна четири гола и забележа три асистенции, додека во дресот на Милан на 94 натпревари има вкупно 36 гола и 14 асистенции.

Текстот Милан го распродаде голманскиот дрес на Жиру е превземен од МАКФАКС.