Милан во плус за прв пат по 17 години

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Италијанскиот фудбалски клуб Милан за прв пат по 17 години оствари финансиска добивка во една сезона.

Клубот објави дека во текот на сезоната 2022/2023. оствари добивка од 6,1 милиони евра.

Овој профит е овозможен со силниот раст на прометот, кој забележа скок од 36 отсто во однос на сезоната 2021/2022.

Милан забележа раст на приходите од комерцијални и спонзорски (+44,4 милиони евра), приходи од ТВ права (+41,8 милиони евра) и влезници (+40,3 милиони евра).

„Милан минатата сезона ги намали трошоците за плати и трансфери „што ќе продолжи и во тековната финансиска година“.

Во соопштението се наведува и дека сопственикот на Милан, американскиот инвестициски фонд „Red Bird“, инвестирал 40 милиони евра во проектот за новиот стадион.

Милан по девет одиграни кола е на второто место во Серија А со 21 бод, еден помалку од првопласираниот Интер.

Текстот Милан во плус за прв пат по 17 години е превземен од МАКФАКС.