Во понеделникот беше прекинат натпреварот меѓу Белгија и Шведска, во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.
Репрезентативците на Шведска одбија да го одиграат второто полувреме, откако дознаа дека двајца нивни навивачи биле убиени во терористички напад во Брисел.
Резултатот од квалификацискиот натпревар од групата Ф во тој момент гласеше 1:1. УЕФА сега потврди дека натпреварот нема да се преигра и дека ќе биде регистриран со резултат 1:1.
„Натпреварот меѓу Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето на барање и договор на двете селекции по терористичкиот напад во Брисел на 16 октомври, во кој загинаа двајца шведски навивачи. Извршниот комитет на УЕФА одлучи да го прекине натпреварот и резултатот на полувремето (1:1) се потврдува како конечен.
Секој тим ќе добие поен во групата Ф. Се смета дека играчите ги одработиле суспензиите, а индивидуалните жолти картони остануваат валидни. Извршниот одбор утврди дека е невозможно да се одигра преостанатиот дел следниот ден. Со оглед на околностите, белгиската и шведската фудбалска федерација изразија желба натпреварот да не продолжи и резултатот на полувремето (1:1) да се смета за конечен“, соопшти УЕФА.
Резултатот не влијае во конечниот пласман на табелата во Ф групата, бидејќи Белгија и Австрија обезбедија пласман на Европското првенство во 2024 година.
Foto/ EPA
Текстот Мечот Белгија – Шведска нема да се преигра, ќе биде регистриран со резултат 1:1 е превземен од МАКФАКС.