„Меси во понеделник дојди во Париз и облечи свечен костум“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фабрицио Романо, можеби најсигурниот извор во фудбалскиот свет, објави големата вест.

„Меси доби порака да биде во Париз во понеделник навечер и да подготви свечен костум. Знаете што значи тоа. Дека сигурно ја освоил Златната топка по осми пат. Сè укажува на тоа”.

Златната топка повеќе не се доделува за годината која завршува, туку за претходната сезона.

Така, главни фаворити се Лионел Меси (36), кој во текот на 2022/2023 година ја предводеше Аргентина до светската титула и 13 години помладиот Ерлинг Халанд постигна 52 гола на 53 натпревари и со Манчестер сити ја освои тројната круна.

Меси (36) на тој начин ќе го наследи минатогодишниот лауреат Карим Бензема и далеку зад себе ќе го остави својот единствен конкурент Кристијано Роналдо (38) има пет Златни топки.

Текстот „Меси во понеделник дојди во Париз и облечи свечен костум“ е превземен од МАКФАКС.