МВР со апел: Појава на т.н. фишинг-напади, граѓаните да не наседнуваат на измами и да не ги споделуваат личните податоци со непознати лица

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени фишинг-напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување лични податоци од нив, минформираат од ресорното министерство.

Фишинг-нападот, како што појаснуваат, е обид за измама на корисниците преку испраќање лажна порака, која изгледа како вистинска.

„Фишинг-нападите имаат цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб-страница или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката, кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС-порака или со телефонски повик“, се истакнува во соопштението на МВР.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што може да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.

Текстот МВР со апел: Појава на т.н. фишинг-напади, граѓаните да не наседнуваат на измами и да не ги споделуваат личните податоци со непознати лица е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn