МВР на Ковачевски и Спасовски, се обиде да го сокрие генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за пријавата за семејно насилство

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Спасовски и Ковачевски, залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По пријаватата од неговата сопруга, во раните утрински часови, на 17-ти декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот.

Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што и кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом.

На Глигоров вакви случки, не му се случуваат прв пат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. во 2007-ма година и во 2017-та година а, воедно кај Глигоров тоаш билo најденo и огнено оружје хеклер“, реагираат од опозициската партија.

Ова, како што додаваат, се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека, овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски, бидејќи тие заедно со Данела Арсовска, веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле приморани, да го заташкаат овој случај.

Тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да им помине.

Текстот МВР на Ковачевски и Спасовски, се обиде да го сокрие генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за пријавата за семејно насилство е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn