МВР го демантира Наќе Чулев: Осомничениот е приведен, одземен му е службениот пиштол и против него ќе биде поднесена кривична пријава

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините изнесени на социјалните мрежи од страна на Наќе Чулев односно ВМРО-ДПМНЕ „за наводно непреземање на мерки во врска со напад врз полициски службеник од Единицата за интервентна полиција“.

„Напротив, преземени се сите неопходни мерки. Осомничениот С.С. е приведен и со него е извршен службен разговор. Одземен му е службениот пиштол и известен јавен обвинител, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело спречување на службено лице при вршење на службено дејствие и ќе биде поведена дисциплинска постапка“, велат од МВР.

Од таму апелираат до Чулев и ВМРО-ДПМНЕ „да престанат да шират лаги“.

Текстот МВР го демантира Наќе Чулев: Осомничениот е приведен, одземен му е службениот пиштол и против него ќе биде поднесена кривична пријава е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn