Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, победи на спринт-трката во Индонезија.
Шпанецот триумфираше на патеката Мандалика и во генералниот пласман ја презеде лидерската позиција од Франческо Бањаја.
Мартин сега има 328 бодови, седум повеќе од актуелниот шампион Бања, кој спринтот го заврши на осмото место.
Покрај Мартин на подиумот завршија возачите на тимот на Валентино Роси (ВР46), Лука Марини, кој стартуваше од пол-позицијата и Марко Бецеки.
Меѓу најдобрите 10 во спринтот завршија Маверик Вињалес, Фабио Квартаро, Фабио Ди Џанантонио, Енеа Бастианини, Франческо Бања, Џек Милер и Мигел Оливеира.
Инаку, Дукати ја обезбеди четвртата последователна титула во конкуренција на конструктори.
Трката за Големата награда на Индонезија се вози во недела од 8.55 часот.
Текстот Мартин победи во спринтот и го „скокна“ Бањаја е превземен од МАКФАКС.