Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона!
Неколку извори од Шпанија денеска открија дека Реал верува дека сега е вистинското време да се збогува со играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот.
Модриќ ги испиша најмногу златните страници во историјата на Реал Мадрид, откако пристигна во летото 2012 година од Тотенхем за 40 милиони евра.
Карло Анчелоти за прв пат сезонава му додели на Модриќ улога на резервен играч, бидејќи повеќе шанси пред него добиваа Камавинго, Крос, Чуамени и Валверде, додека искусниот Хрват влезе од клупата. Но и тогаш покажа дека е подготвен за големи работи, исто како на реваншот со Баерн Минхен.
Сепак, Флорентино Перез смета дека е време да се збогува и Реал да се сврти кон помладите играчи. Модриќ има совршена можност да се збогува на најдобар можен начин со освојување на Лигата на шампионите, заедно со Ла Лига.
На 25 мај навивачите на Реал Мадрид и на „кралскиот“ клуб ќе можат величествено да се збогуваат со Лука Модриќ.
Лука Модриќ е најкорисниот играч на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи и дефинитивно ќе замине како една од најголемите легенди на „кралскиот“ клуб.
Текстот Лука Модриќ го напушта Реал Мадрид е превземен од МАКФАКС.