Локализирани пожарите во Кондово и Велешко: хеликоптерот на МВР исфрли над 62 тони вода

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп, информираа од Центарот за управување со кризи.

„Во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани“, соопштија од ЦУК.

Појаснуваат дека хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрлил над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.

Текстот Локализирани пожарите во Кондово и Велешко: хеликоптерот на МВР исфрли над 62 тони вода е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn