Денес во просториите на Министерството за правда се одржа средба помеѓу министерот за правда, Кренар Лога и претставниците од Независниот Синдикат за судска полиција.
Претставниците на Синдикатот ги изнесоа своите барања кои се однесуваат на измените на актуелниот Закон за судска служба во поглед на овластувањата на судската полиција, регулирање на бенефициран стаж, додаток за висок ризик, службените легитимации и униформата.
На состанокот беше договорено барањата да бидат разгледани и вградени во работната верзија на законот за до крајот на неделата законското решение да се објави на ЕНЕР.
Министерот Лога изрази подготвеност за решавање на проблемите со кои се соочува судската полоција.
Текстот Лога на средба со Синдикатот на судската полиција: изразена подготвеност за решавање на проблемите е превземен од МАКФАКС.