Ленс Армстронг откри како со години ја мамел антидопинг контролата

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Американскиот велосипедист Ленс Армстронг, кој влезе во историјата на спортот како најодликуван спортист на кој му беа одземени сите најголеми награди, откри какви трикови користел на допинг контролите.

Тој во подкастот на Били Махер признал дека користел супстанци кои остануваат во телото најкратко време, за практично да не се откријат.

Затоа беше „чист“ на речиси секоја допинг контрола во текот на кариерата. Седумкратниот шампион на Тур де Франс детално објасни како избегнувал да биде откриен во текот на неговата кариера.

„Во извесна смисла, се обидував да го изиграм системот. Секогаш кажував и не се обидувам да го оправдам е дека бев тестиран 500 пати и никогаш не сум паднал на допинг контрола. Тоа не е лага. Вистина е. Немаше начин да се избегне контролата. Кога уринирав во шишето, ја анализираа урината и така било секогаш“.

Тој понатаму откри:

„Реалноста е, а целата вистина е дека некои од супстанциите што ги користев, особено оние кои беа најсилните подобрувачи на перформансите, имаа кратко време на задржување во телото. Одредени супстанции, без разлика дали се анаболни или канабис, имаат многу подолг „живот“ на задржување во организмот. Ако пушите џоинт и седнете да возите трактор…За две недели ќе имате позитивен тест на марихуана. Со ЕПО (синтетичка верзија на еритропоетин), која беше ракетно гориво што го промени не само нашиот спорт, туку и сите спортови каде што се бара сила и издржливост, ситуацијата беше поинаква, бидејќи беше тешко да се открие. Останува во телото кратко време“.

За несаканите ефекти од супстанцијата што ја земал, Ленс рече:

„Не сакам да охрабрувам никого да прави нешто што не мора да го прави. Вистината е дека сте земале дрога, незабележлив допинг, кој беше исклучително корисен за перформансите и закрепнувањето. Особено за перформансите… И, бидејќи не наведоа да веруваме, со што не се согласувам, дека ако се зема под медицински надзор дека тогаше е безбеден“.

Текстот Ленс Армстронг откри како со години ја мамел антидопинг контролата е превземен од МАКФАКС.