Легендарниот Кафу ќе ја тужи Рома, бара 12 милиони евра

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Поранешниот фудбалер на Рома, Бразилец Кафу, е подготвен да ги тужи римскиот клуб и „Катар ервејс“ за речиси 12 милиони евра. Тој ќе бара отштета за прекршување на правата на имиџот, пренесуваат италијанските медиуми.

Случајот датира од 2019 година, кога Кафу учествуваше во реклама како дел од новото спонзорство на Рома со „Катар ервејс“. Тој во Варшава сними промотивно видео, кое брзо беше емитувано на телевизија.

После тоа, Кафу побарал од својот правен застапник да најде договор за плаќање, што постојано било одложувало.

Во август 2020 година, Џејмс Палота ја продаде Рома на семејството Фридкин без договор со Кафу, а поранешниот десен бек продолжи да чека, не сакајќи да поднесе тужба поради љубовта кон својот поранешен клуб.

По долго чекање, Кафу сега одлучи да ги тужи Рома и „Катар ервејс“, барајќи отштета од околу 11,8 милиони евра.

Последниот датум за да биде постигнат договор помеѓу трите страни е 17 ноември, а доколку тоа не се случи, Бразилецот ќе ги тужи клубот и авиокомпанијата.

Кафу беше дел од генерацијата на Рома која последен пат на овој тим му ја донесе шампионската титула на Италија во 2001 година.

Текстот Легендарниот Кафу ќе ја тужи Рома, бара 12 милиони евра е превземен од МАКФАКС.