Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово само за потребите на Шкендија

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го презеле Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзани да инвестираат 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари“, велат од Левицата.

„Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е да изврши реконструкција на стадионот а истото не го сторил до сега, Општина Тетово требало да го раскине договорот за концесија, а не да го спасува концесионерот од обврските кои требало да ги исполни!!

Наместо заштита на спортските клубови и заштита на Градскиот стадион во Тетово, Касами објави дека ќе започне реконструкцијата на Стадионот во Тетово кој практично и припаѓа само на екипата на Шкендија!

Поради тоа што Општина Тетово го има дадено Градскиот стадион под концесија и на истиот игра само Шкендија, страдаат македонските женски и машки екипи во фудбал со седиште во Тетово и немаат можност да играат мечеви додека не им дозволи општината“, соопштуваат од партијата Левица.

Од таму бараат раскинување на договорот за концесија и враќање на Градскиот Стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за користење на истиот и на македонските екипи.

Текстот Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово само за потребите на Шкендија е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn