Курти за Радоичиќ и Вучиќ: „Малиот Путин во Белград мора да го има својот мал Пригожин“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Косовоскиот премиер Албин Курти за подгоричка „Побједа“ изјави дека одговорноста на Србија за агресивниот напад не само врз косовската полиција, туку и врз самата земја, е неспорна.

„Непобитно е утврдено дека оружјето и борбената обука на српските професионалци кои го нападнаа селото Бањска потекнува од Србија, целото одземено оружје било произведено во Србија, пристигнало од Србија, а по вид и количина, би биле доволни за цела војска“, рекол Курти за „Побједа“, пренесува Нова.рс.

Курти додаде дека вредноста на запленетото оружје е повеќе од пет милиони евра.

На прашањето дали очекува Радоичиќ навистина да биде екстрадиран на Косово, Курти одговори дека „сите терористи кои успеале да побегнат мора да бидат предадени на властите на Република Косово“.

„Организациите Цивилна одбрана и Северна бригада, мора да бидат прогласени за терористички организации од нашите пријателски, партнерски и сојузнички земји“, рече Курти, додавајќи дека односот меѓу Вучиќ и Радоичиќ не е оригинален.

„Ние сме го виделе тоа многу пати досега“, рече тој.

„Малиот Путин во Белград мора да го има својот мал Пригожин на Копаоник. Или, ако се вратиме малку подалеку во минатото, се појавува паралела: новиот Слоба во Белград го има својот нов Аркан на Косово.

Државите кои имаат комплекс на супериорност, кога ќе се намалат или ослабат, стануваат опасни. Во таа смисла Србија е како Русија“, рече премиерот на Косово.

На прашањето колку Русија е вклучена во тероризмот на северот на Косово, Курти одговара дека дестабилизацијата на регионот на Западен Балкан е главната алатка на Белград, кој е во рацете на Кремљ.

Текстот Курти за Радоичиќ и Вучиќ: „Малиот Путин во Белград мора да го има својот мал Пригожин“ е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn