Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на: Љупчо Константинов, композитор.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2023 година во среда во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Текстот Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста е превземен од МАКФАКС.