Претсезонските натпревари меѓу НБА и европските тимови секогаш привлекуваат посебно внимание, и покрај тоа што немаат натпреварувачко значење и обично не се играат со полна сила.
Сепак, пресметката помеѓу Реал Мадрид и Далас Маверикс беше спектакл сам по себе, „кралскиот клуб“, победи со 127:123, а на Лука Дончиќ поради повреда му беше дозволено да одигра само пет минути против својот поранешен клуб.
Досега екипите од НБА и Евролигата се сретнале 67 пати, а резултатот е 52-15 за американските тимови. Меѓутоа, кога се игра на европско тло, статистиката се менува, тогаш НБА тимовите водат со само 16-11.
Освен Реал трипати, победи над НБА екипи од европските тимови остварија Макаби четири пати, по три пати Барселона и ЦСКА, двапати Фенербахче, како и Алба и Уникаха.
Текстот Колку често НБА екипите губат од европски тимови? е превземен од МАКФАКС.