Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, обвини дека највисоки офицери изнудувале сексуални услуги од своите подредени колешки.
Покрај појавата за плаќање кеш и давање мито за мисии во АРМ, рече Ковачки, има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на офицерки и воени лица од страна на високи офицери.
„Истите високи офицери за возврат им ветувале школување на воената академија и други бенефити. Трагајќи по главните митаџии во Министерството за одбрана во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази, односно постојат фото и фонозаписи, со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник и за тоа се информирани министерката за одбрана и Стево Пендаровски, кој не покажал интерес за ништо. Зошто министерката и Пендаровски не преземаат ништо? Тие одлучија да молчат“, рече Ковачки.
Министерката Славјанка Петровска одговори дека не смее министер за одбрана да влијае на истрагата.
Нагласи дека секогаш кога добивала каква било информација таа пријавувала во согласност со процедурата.
Рече дека не води истрага и не може да преземе постапки на своја рака бидејќи нема такво законско право.
Текстот Ковачки со обвинувања дека високи офицери сексуално вознемирувале колешки, Петровска рече дека ги пријавила сите информации е превземен од МАКФАКС.