Кевин Гарнет се уште добива плата од Бостон

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс, еден од најдобрите играчи на својата позиција во НБА, Кевин Гарнет се уште прима плата од својот поранешен клуб.

Гарнет се пензионираше во 2016 година, но се уште е на платениот список на неговиот поранешен клуб.

Поранешниот „ол-стар“ настапуваше за Селтикс од 2007 до 2013 година, со Бостон ја освои титулата во 2008 година, следната сезона играше во финалето и како предводник на тој тим го имаше еден од најголемите договори.

Продолжувањето на соработката што го одработи кон крајот на кариерата сепак му носи солидна сума секој месец.

Според договорот, Бостон во 2016 година се обврзал да му исплати на Гарнет 33 милиони долари со договор годишно да му плаќа пет милиони долари.

Последната рата од тој договор, Гарнет ќе ја добие во 2024 година, седум години по пензионирањето.

Неговата вкупна заработка од последниот договор е 333 милиони долари.

Текстот Кевин Гарнет се уште добива плата од Бостон е превземен од МАКФАКС.