
Претседателите на Алтернативата, Беса и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, по одржаната кафе-средба во Старата скопска чаршија, со порака за изборниот процес.
Според нив, владината коалиција во врска со прашањето на изборите се однесува како разгалено дете и мислат, како што велат, дека ако топката е во нивни раце, може да условуваат.
„Власта е делегитимирана. Колку побргу се отрезнат, толку подобро за државата. Секое понатамошно инаетење ќе создаде потенцијал за уставна криза, која на среден рок ќе предизвика многу штетни последици. ДУИ и СДСМ мора да сфатат дека не се повеќе во позиција да диктираат што ќе се случува“, порача Касами по средбата.
Додаде дека до нив како партии пристигнуваат и информации за злоупотреба на позицијата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ.
„До нас стигнуваат информации дека Бујар Османи се обидува претседателствувањето со ОБСЕ да го злоупотреби за влијание за одлуката врз бројот на изборните набљудувачи на изборниот процес. Јасно порачуваме дека точно знаеме на што се подготвени за да се обидат да го заштитат нелегално стекнатото богатство“, истакна Касами.
Текстот Касами: Османи сака да ја злоупотреби функцијата во ОБСЕ за влијание врз бројот на изборните набљудувачи е превземен од МАКФАКС.