На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Велес и Куманово вчера беа реализирани повеќе превентивно-едукативни активности посветени на децата од основните училишта.
Taкa, Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „Толи Зордумис“ од Куманово, реализира едукативна работилница „Кажи не на дрогата-да на животот“, посветена на превенција од зависностите од дрога. Во рамки на работилницата, учениците беа запознати со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога.
На подрачјето на СВР Тетово, со вчерашната едукативна работилница во Средното медицинско училиште во Гостивар, започна реализацијата на проектот со наслов – „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект, што инаку се реализира петта година по ред, вкупно ќе бидат опфатени над 2500 ученици од гостиварските и тетовските средни училишта.
Отсекот за превенција при СВР Велес пак, заедно со полициски службеници од НККР Кавадарци во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци одржаа едукативна работилница на темите поврзани со насилство во улилиштата.
Одделението за превенција при СВР Скопје, а во пресрет на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе реализираше шест едукативни работилници во исто толку скопски основни училишта – „Лазо Ангеловски“, „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Исмаил Кемали“, „Коле Неделковски“ и „Стив Наумов“.
Текстот „Кажи не на дрогата-да на животот“, превентивни активности на МВР е превземен од МАКФАКС.