Итно соопштение на Реал во врска со Килијан Мбапе

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска излезе со итно соопштение во врска со новите наслови на весниците околу трансферот на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Капитенот на француската репрезентација летово беше многу блиску до Мадрид, толку блиску што во Париз беше прогласена вонредна состојба и тој беше изолиран од тимот.

Во меѓувреме, се смири со Насер Ал Келаифи, се врати во тимот, но често се пишува дека тој на лето ќе замине во Мадрид откако ќе му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Откако се појавија нови шпекулации, Реал Мадрид се огласи на оваа тема.

„Со оглед на информациите кои неодамна беа објавени од различни медиуми, во кои се шпекулира за наводни преговори меѓу играчот Килијан Мбапе и нашиот клуб, Реал Мадрид сака да каже дека оваа информација е целосно лажна и дека такви преговори не се воделе со играч кој му припаѓа на ПСЖ“, се вели во соопштението.

Многумина толкуваат дека на овој начин Реал Мадрид само сака да ги заштити преговорите од медиумските пишувања и дека Мбапе ќе биде нивна главна цел во летниот преоден рок.

Текстот Итно соопштение на Реал во врска со Килијан Мбапе е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn