Извлечени четвртфиналните двојки во Лига купот: Челси ќе му биде домаќин на Њукасл

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Њукасл јунајтед нема среќа со ждрепката во Лига купот на Англија. Клубот од „Сент Џејмс парк“, во претходните две рунди ги елиминираше клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Њукасл во четвртфиналето за противник го доби Челси. Натпреварот ќе се игра на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.

Интересни ќе бидат и останатите два дуели меѓу премиерлигашките тимови, за пласман во полуфиналето. Клубовите од Ливерпул ќе им бидат домаќини на клубовите од Лондон, Евертон ќе игра против Фулам, а Ливерпул против Вест Хем.

Последната двојка ја формираа тимовите од Чемпионшип и Лига 1, Порт Вејл и Мидлсброу. Порт Вејл се 16. на табелата во Лига 1, додека во Чемпионшип Мидлсброу се наоѓа на 10. позиција,

Четвртфиналните натпревари во Лига купот на програмата се на 18. и 19. декември.

Текстот Извлечени четвртфиналните двојки во Лига купот: Челси ќе му биде домаќин на Њукасл е превземен од МАКФАКС.