Вчера вечер околу 23 часот земјотрес е почувствуван во Сараево, но и во околните градови на Босна и Херцеговина.
ЕМСЦ се уште не објави проценка за јачината на земјотресот, но според она што го пишуваат граѓаните, земјотресот траел кратко, но бил силно почувствуван.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 19 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
https://t.co/44vngdMAj6https://t.co/OSr2jauIZw
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/PZWb9gXPaR— EMSC (@LastQuake) October 24, 2023
„Се почувствува во Сараево. Тресењето траеше неколку секунди“, напишаа граѓаните на апликацијата ЕМСЦ.
Некои почувствуваа мал шок.
„Краток удар, како нешто да паднало“, велат тие.
„Многу кратко и страшно, чувство во зградата како некој да затресе кутија од кибрит“, се дел од коментарите.
Текстот Земјотрес почувствуван во Сараево е превземен од МАКФАКС.