Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2024 година изнесува 134 829, од кои 24.6 отсто се домашни туристи, а 75.4 проценти се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 се од домашните туристи, а 68.1 отсто од странските туристи.
„Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 проценти, а кај странските има зголемување за 14.2 отсто“, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2, а кај странските има зголемување за 8.8 проценти.
Текстот Зголемен е бројот на странски туристи кои годинава ја посетиле Македонија е превземен од МАКФАКС.