Еурофарм Пелистер го запиша шестиот пораз во ЛШ – Кјелце победи во Битола

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа шестиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва бодовите од Битола ги однесе европскиот вице првак Кјелце. Екипата од Полска победи 24:21( 14:8).

Лошо прво полувреме одиграа играчите на македонскиот шампион, на крајот тоа беше клучно са победата на Кјлеце, кој во Битола допатува со само 12 ракометари.

Во вториот дел Пелистер одигра добро, особено во првите 15 минути кога дојдоа на само гол негатива (15:16). Сепак на крајот искуството и квалитетот на Кјелце пресуди за конечниот исход.

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister

Текстот Еурофарм Пелистер го запиша шестиот пораз во ЛШ – Кјелце победи во Битола е превземен од МАКФАКС.