Еден загинат во пожар во Дебарца, пожарникарите извлекоа и две лица со изгореници

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид извести дека во раните утрински часови интервенирала на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.

При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Текстот Еден загинат во пожар во Дебарца, пожарникарите извлекоа и две лица со изгореници е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn