Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда, објавија црвено-белите на својот официјален портал. Искусниот стратег, пред една година го презеде тимот од Влада Јовановиќ. Со Црвена звезда го освои домашниот Куп и првенството.
Црвена звезда од стартот на сезоната не игра добро. Клубот вложи многу во засилувањата, а резултатите и играта се далеку под очекувањата. Во АБА лигата црвено-белите имаат три победи во истот толку натпревари, меѓутоа во Евролигата забележаа само една победа во првите четири натпревари.
Клубот соопшти дека дополнителноќе ја извести јавноста кој ќе биде новиот тренер.
Текстот Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда е превземен од МАКФАКС.