Доминација – Швјонтек го освои завршниот ВТА турнир

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на завршниот ВТА турнир во Канкун, Мексико.

Швјонтек, во финалето, ја декласира Американката Џесика Пегула со 6:1, 6:0.

Со оваа победа Швјонтек ќе се врати на првото место на ВТА листата, кое го загуби пред два месеци и ќе ја заврши годината како тенисерка број еден во светот.

Полската тенисерка беше убедлива во финалето во Канкун, загуби само еден гем од Пегула, направи пет брејка и славеше по точно еден час игра.

Ова беше шеста титула за Швјонтек сезонава, а вкупно 17-та во кариерата.

Швјонтек, исто така, стана најмладата шампионка на завршниот ВТА турнир, откако Петра Квитова победи во Истанбул во 2011 година.

Исто така, таа е втората тенисерка од Полска која го крена трофејот на овој турнир, во 2015 година тоа го направи Агњешка Радванска во Сингапур.

Текстот Доминација – Швјонтек го освои завршниот ВТА турнир е превземен од МАКФАКС.