Доли Партон не жали што не стана мајка

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Доли Партон не жали што никогаш не стана мајка.

Иконата на кантри музиката е во брак со својот сопруг Карл Дин повеќе од половина век и, се чувствува целосно исполнето со добротворната работа што ја прави за и со младите.

Доли изјави за списанието „Ју“: „Речиси и да ми e некако мило. Ја гледам целата работа што ја работам со децата и си мислам: господ не ми дозволи да имам деца за да можат сите деца да бидат мои. Можеме да бидеме великодушни, можеме да направиме повеќе едни за други.“

Пејачката минатиот месец објасни дека чувствува олеснување што не мора да воспитува деца во современиот свет.

„Се чини дека не напредуваме… Никој не е подготвен да го слуша другиот.“

„Сè е таму надвор. Децата знаат сè, гледаат сè, слушаат сè. Мораме да разговараме за работите.“

Текстот Доли Партон не жали што не стана мајка е превземен од МАКФАКС.