Директорот на Интер Џузепе Марота е разочаран од потегот на словачкиот стопер Милан Шкриниар кој летово замина во ПСЖ.
„Тој се однесуваше како да сака да го продолжи договорот со нас, но секогаш имаше поинаков план во главата. Бев толку разочаран од неговата одлука“, изјави Марота за 28-годишниот Словак.
„Кога играчот не го продолжува договорот, тој не оди против директорот на клубот или претседателот. Тој оди против вредностите и историјата на клубот. Му згрешил на Интер, а не на одредени луѓе. Можел да го продолжи, особено затоа што му понудивме неколку решенија, дури и му понудивме откуп, клаузула која ќе го заштити и него и Интер, но тој секогаш ги одбиваше нашите предлози“.
Шкриниар пристигна во Интер пред шест години од Сампдорија за 34 милиони евра и одигра 246 натпревари и постигна 11 голови.
Текстот Директорот на Интер „удри“ по Шкриниар е превземен од МАКФАКС.