Димитриеска Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи особено во услови на ниска инфлација

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Изрази задоволство од постигнатото, бидејќи како што рече, е обезбедено финансирање за сервисирање на сите обврски до крајот на годината и постепено стабилизирање на јавните финансии.

Таа потенцира дека состојбата кога ја презела власта во делот на финансиите била повеќе од алармантна бидејќи на располагање имале 47 милиони евра на девизната сметка, додека на денарската или како што појасни основната буџетска сметка затекнале минус од 60 милиони евра и потрошени 71 процент од буџетскиот дефицит.

„За сто дена успеавме повеќе од сто проценти. Успеавме да изготвиме прекројување на државмната каса со што најдовме одговори на предизвиците кои ги наследивме и да го консолидираме Буџетот“, нагласи таа.

Во однос на кредитот од Унгарија кажа дека во текот на следната недела очекува да биде направен преносот на средствата а како што најави, ќе треба да се направи и дополнителна прераспределба во рамки на Буџетот.

Компаниите, средствата од кредитот, според нејзините очекувања, би можеле да ги користат пред Нова година.

„Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, изјави таа.

Министерката за финансии потенцира дека е против замрзнување на трговските маржи и според неа таквата мерка не носи никакви резултати.

„Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цени, маржи, тоа се сложени методологии за пресметка, и во државните институции нема доволно капацитет кој може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел, и да не се продолжува на истиот овој начин, затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација“, појасни таа.

Спротивно на ова како што рече го подржува Законот за нефер трговски практики.

„Сметам дека тој повеќе ќе го регулира пазарот отколку овие математики кои ги правиме. Законот за нефер трговски практики многу поедноставно може да се проверува и следи во однос на она што значи замрзнување на цени.

На прашањето дали била осамена во моментот на носењето на одлуката за маржите на Влада одговори: Јас сум човек што има став и не го менувам така едноставно затоа што ниедна одлука досега не сум ја донела избрзано, ниту сум ја донела поради некаков инает туку само врз база на тоа што значи анализа на бројки и воочување на реалноста, одговори Димитриевска Кочовска на прашањето дали била осамена во моментот на носењето на одлуката за маржите на Влада.

„Ако сум добила податоци и гледам дека профитабиолноста не е таква каква што компаниите или некој друг се обидел да ја претстави јас неможам да замижам на тоа. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна а јас само го кажувам мојот став и сметам дека е многу сложена проблематика особено во услови кога имаме проблеми од другата страна во однос на администрацијата и тоа кој ќе ги следи мерките и дали правилно ја анализирале методологијата како ќе стигнеме до таа бруто трговска маржа.

Дискутабилно е и темата со високите цени при услови на инфлација од 2 до 3 проценти. Кога има таква инфлација значи не може цените да пораснале и да се толку високи. Суштината е кои цени се виоски. Каде е најголемиот проблем, тоа се цените на зелените пазари, и во овој момент граѓаните кога работат и кога подготвуваат зимници тука е најголемиот ефект е тука е проблемот. Ова е комплексно прашање и не се решава само со замрзнување на цени во еден месец и носење на одлука на Влада. Кај нас проблемот се земјоделските производи. За жал од година во година имаме се помало производство на овие производи и се поголчем увоз“, кажа Димитриевска Кочовска во однос на прашањето за замрзнувањето на цените.

Текстот Димитриеска Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи особено во услови на ниска инфлација е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn