Демократско Движење: Денеска го спасивте Мијалков, утре ќе го спасите Груевски, зошто сега молчите

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Контрадикциите на актуелната Влада на Северна Македонија немат крај. ДУИ и СДСМ сакаат да и се доближат на Европа со оние кои ја оттргнаа од Европа. Каква иронија. Веќе јасно се виде дека одобрувањето на Кривичниот законик е направено за амнестија на кривичните дела на Груевски и Мијалков, две клучни фигури, во чие време на Албанците им се случија многу трагедии, реагираат од Демократското движење.

„Ние неслучајно го поставивме прашањето во кое својство Бујар Османи ја посети Будимпешта и дали се подготвува враќање на Груевски, што секој ден се повеќе се докажува и целата поширока јавност јасно чита, дека ДУИ, единствениот спас го гледа токму во враќањето на Никола Груевски. И што се случи: кривичното дело за масовното прислушкување застаре и Мијалков се спаси и од оваа тужба.

Сега и официјално ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владењето со СДСМ. Сите овие заедно, за да го урнат уставниот поредок“, нагласуваат од оваа партија.

ДУИ, како што велат, ги наградува нивните деловни партнери.

Според Демократското движење, во секоја комбинација „(лотариска) тие сакаат да излезат добитници: да останат во влада, но и да ги задржат старите пријатели, Груевски и Мијалков“.

„Тие ги направија математиките, но резултатот нема да им биде добар.

Според оваа одлука, граѓаните од својот буџет, од нивните џебови, ќе треба да му платат и отштета на Мијалков за престојот во притвор.

Ова лудило мора да заврши еднаш засекогаш“, децидни се од Демократското движење.

Текстот Демократско Движење: Денеска го спасивте Мијалков, утре ќе го спасите Груевски, зошто сега молчите е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn