Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.

Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин во општина Сарај.

Текстот Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn