Два гола на Кварацкелија, Наполи победи во Верона

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерите на Наполи на гости ја совладаа екипата на Верона со резултат 3:1 во деветтото коло од италијанската Серија А.

Актуелниот шампион на Италија ја прекина негативната серија, во која загуби од Реал и Фиорентина. Во тимот на Наоли го немаше Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец гостувањето во Верона го пропушти поради полесна повреда.

Два гола предност Наполитанците стекнаа во првите 45 минути. Матео Политано погоди во 27. и Хвича Кварацкелија во 43. минута. Грузиецот сави точка на натпреварот со својот втор гол во 55.минута.

Пет минути подоцна Дарко Лазовиќ постигна убав гол за онечни 1:3.

Наполи се наоѓа на петтата позиција во Серија А со 17 освоени бода, од друга страна, Верона е 16-та со осум бодови.

Foto/ EPA

Текстот Два гола на Кварацкелија, Наполи победи во Верона е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn