Двајца телохранители ќе го чуваат Ферстапен во Мексико

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Макс Ферстапен ќе има двајца телохранители покрај себе за време на тркачкиот викенд во Мексико Сити. Ова го соопшти Хелмут Марко, советник во Ред Бул.

Причината за ваквата одлука е што не се очекува дека трикратниот светски шампион во Формула 1 ќе добие топло добредојде во мексиканската престолнина.

Холанѓанецот доаѓа на теренот на клупскиот колега Серхио Перез. Ферстапен беше жестоко исвиркан на подиумот во Остин, а во Мексико се очекува да биде уште полошо.

Макс минатата година ги налути навивачите кога одби да ја испочитува тимската наредба и да му ја отстапи позицијата на Перез, кој се бореше за второто место во генералниот пласман.

„Макс рече дека не му треба никој и дека е целосно опуштен. Сепак, ние мора да преземеме одговорност. Неговата безбедност е наш приоритет“, изјави Марко.

Текстот Двајца телохранители ќе го чуваат Ферстапен во Мексико е превземен од МАКФАКС.