Според одредени извори, вклучувајќи го и американскиот магазин „Блумберг“, регулативите што влијаат на намалување на јаглеродниот отпечаток на Европа ќе влијаат на намалување на можностите за евтини летови. Иако верувавме дека по заздравувањето од ковид-пандемијата, авиолетовите повторно ќе се вратат на своите ниски цени, можно е тоа да не се случи. На цените на билетите може да влијаат и законите за заштита на животната средина на Европската комисија. EU Emissions Trading System (EU ETS), авиокомпаниите мора да платат надоместоци за емисија за секој Airlines must have enough emissions allowances to cover every метрички тон од јаглероден диоксид што го испуштаат над европската економска област, Велика Британија и Швајцарија. Во моментот, половина од тие надоместоци се бесплатни, но завршува во 2026 година, а дел од надоместоците треба да почне да ги исплаќа уште од 2024. Со тоа за помалку од 2 години трошокот за користење јаглерод за авиопревозниците ќе се удвои.
Од друга страна, постојат и инцијативи што треба да ги спречат превозниците да наметнуваат скриени давачки и трошоци и да обезбедат минимална услуга. Сето ова може да влијае на покачување на цената на авиобилетите. Сепак, Филип Арсов, во „Што го врти светот“ претстави малку поинакво сценарио. Според него, а поткрепено од IATA, бројот на патници што се превезуваат со авиони до 2040 година ќе се удвои. Според тоа, доколку на светот му оди добро, сè поголем број на луѓе ќе летаат. Тоа би требало да значи дека цената од патник ќе се намалува.
Повеќе на оваа тема, но и на многу други поврзани со авијација, претприемаштво и мотивација, можете да слушнете во најновата епизода од „Што го врти светот“ со Филип Арсов и Јована Аврамовска-Николовска.
Текстот Дали ќе имаме евтини летови и во иднина и колку глобалните текови влијаат на цените на билетите за авиопревоз? е превземен од МАКФАКС.