Гвинет Палтроу сака да исчезне од јавност ако ја продаде својата империја „Гуп“ вредна 250 милиони долари

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Гвинет Палтроу планира да избега од светот на рефлекторите ако ја продаде својата империја „Гуп“, чија вредност е проценета на 250 милиони долари.

Оскаровката (51) веќе практично се откажа од глумата откако стана велнес гуру на чело на компанијата и призна дека сега размислува дали да исчезне од очите на јавноста ако направи договор за да се ослободи од компанијата.

Во интервју за „Басл“, таа рече: „Можеби едноставно ќе исчезнам и никој никогаш повеќе нема да ме види.“

И додека говори за тоа дека не добива никакво задоволство од јавниот аспект на својот живот, таа додаде: „Буквално ќе исчезнам од јавниот живот. Никој никогаш повеќе нема да ме види.“

Гвинет призна дека активностите кои вклучуваат создавање, соработка, освојување со нови идеи, иновации, размислување напред, стратегија, визија… ѝ пружаат задоволство.

И покрај нејзиното богатство, таа рече дека, за жал, парите не ја мотивираат.

„Никогаш не би можел да ме привлече богат човек… и не донесувам одлуки за да градам вредност на погрешен начин.“

Текстот Гвинет Палтроу сака да исчезне од јавност ако ја продаде својата империја „Гуп“ вредна 250 милиони долари е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn