Вучиќ: Следната недела распишувам вонредни парламентарни избори

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека следната недела ќе распише вонредни парламентарни избори.

На прашањето дали изборите ќе се одржат на 17 или 23 декември, претседателот на Србија уште еднаш повтори дека изборите ќе се одржат на 17 декември.

„Следната недела ќе распишам парламентарни избори врз основа на аргументираниот предлог на Владата на Србија“, изјави Александар Вучиќ во Дневник на РТС.

Тој рече дека пред тоа претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ ќе распише локални избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа.

Текстот Вучиќ: Следната недела распишувам вонредни парламентарни избори е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn