Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Гранада дека очекува тежок и напорен ден на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, но се надева и на напредок.
Вучиќ за медиумите од Србија изјави дека очекува разговор со премиерот на Велика Британија Риши Сунак, како и билатерални разговори со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и францускиот претседател Емануел Макрон.
Претседателот на Србија на својот инстаграм-профил објави и фотографии од средбата со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кому му се заблагодари за разбирањето за позициите во однос на Косово и за постојаната поддршка за интегритетот на Србија.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, која исто така учествува на самитот во Гранада, изјави дека нема причина за средба со Вучиќ додека не му бидат воведени санкции.
Медиумите претходно денеска објавија дека се очекува средба меѓу Вучиќ и Османи во Гранада.
Текстот Вучиќ пред самитот во Гранада: Очекувам тежок ден е превземен од МАКФАКС.