Втора фаза од реконструкција на улица 50 во Шуто Оризари

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Град Скопје продолжува со втора фаза од градежните работи на улица 50 во Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за жителите на оваа општина и со која се решаваат долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари, соопштија од Град Скопје.

Оттаму информираат дека рконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот. Град Скопје продолжува и со реализација на инфраструктурни проекти за соодветна водоводна и канализациона мрежа, со цел реализација на проектите од програмата кои се барање од жителите на општината.

Текстот Втора фаза од реконструкција на улица 50 во Шуто Оризари е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn