Денеска, во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12 часот, одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Наградата во областа на културата и уметноста ќе му се врачи на композиторот Љупчо Константинов.
Текстот Во Собранието ќе се додели државната награда „11 Октомври“ е превземен од МАКФАКС.