Шефовите на Мерцедес го прекинаа молкот за судирот на нивните возачи Луис Хамилтон и Џорџ Расел на трката за Големата награда на Катар.
До контактот дојде во првиот свиок, Хамилтон заврши во песокот и ја заврши трката, Расел успеа да продолжи, падна на последното место, но на крајот со одлично возење го освои четвртото место.
Седумкратниот светски шампион Хамилтон ја прифати вината за инцидентот и страстите меѓу тимските колеги се смирија
По речиси две недели, во врска со инцидентот зборуваше Тото Волф, првиот човек на тимот.
„Како тим, никогаш не сакате вашите два болида да бидат вклучени во судир. Фрустрирачки е затоа што беа изгубени многу бодови. Сепак, верувам дека ќе излеземе од ова уште посилни. Нема лоша крв и сите наши мисли се насочени кон следниот натпреварувачки викенд во Остин“, изјави Волф.
Трката од Остин ќе се вози на 22 октомври.
Текстот Волф за инцидентот во Катар: Ќе уште посилни е превземен од МАКФАКС.